Едно лице повредно во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово 

t

Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца што се случила попладнево на ул.

„Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.

Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите е префрлено на натамошно лекување на клиниките во Скопје.

Експлозијата, според очевидци, се случија околу 13 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…