Едно лице почина, три се во болница: Судир на три возила на патот Куманово – Табановце

t

Синоќа по судир на три автомобили на автопатот Куманово – Табановце, едно лице загина, а три се повредени и завршиле во болница.

– Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,бмв”. Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово, информираат од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…