ЕКОНОМИЈАТА СЕ ПАРАЛИЗИРА НАМЕНСКИ: Левица ги обвинува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување должничкото ропство
„Двете најголеми политички партии, кои заедно со ДУИ во ротација се дел од постојаната власт во изминатите децении, безидејно и безизлезно се задолжуваат со огромни кредити, кои ќе требаат идните генерации да ги отплатат, со што народот станува заложник на странските финансиски центри, кои ќе го диктираат начинот на исплата и поради што ќе се наметнуваат мерки на штедење“, се вели во соопштението на Левица.
Откако СДСМ е на кормилото на Република Македонија, од 2017 година, јавниот долг е пораснат за 2,85 милијарди евра. Расчеречувањето и парализирањето на економијата се случува наменски, преку задолжувања и корупција на сите нивоа на власт, тврди партијата Левица.
„Минатогодишната победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори доведе во ситуација каде на централно и локално ниво кохабитираат двете најголеми партии, истовремено работејќи на финансиска штета на државата, хранејќи ги сопствените структури“, се вели во партиското соопштение.
Левица посочува дека Општина Аеродром, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, важи за една од најголемите и најбогатите општини во нашата држава, која за прв пат во својата историја се задолжува со 5,4 милиони евра во период кога каматните стапки се зголемени а народот гладува. Задолжувања на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има и во Гевгелија со 850.000 евра, додека во Штип има два обида за задолжување од 4 милиони евра и во Кочани за половина милион евра.
„Двете најголеми политички партии, кои заедно со ДУИ во ротација се дел од постојаната власт во изминатите децении, безидејно и безизлезно се задолжуваат со огромни кредити, кои ќе требаат идните генерации да ги отплатат, со што народот станува заложник на странските финансиски центри, кои ќе го диктираат начинот на исплата и поради што ќе се наметнуваат мерки на штедење“, се вели во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…