Екс-министерот за здравство на Хрватска доби 1 месец притвор

t

Одреден му е едномесечен притвор на поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош. Еден месец притвор доби и бизнисменот Саша Поздер. Двајцата се осомничени за корупција при набавка на болничка опрема.

Во истрагата е вклучен и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ и член на управата на поликлиниката во Загреб, Крешимир Ротим. Ротим признал дека имал инволвираност во договарањето на работата и затоа не доби притвор.

По спроведување на независна истрага, Ускок ги сомничи Берош, Ротим и Поздер за злоупотреба на положбата и овластувањата, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски услуги и давање мито, сето тоа како дел од злосторничко здружување и во врска со правни лица поради сомнение за давање и примање поткуп како дел од злосторничко здружување.

Според Ускок, Берош, Ротим и Поздер се здружиле за да продаваат медицински помагала од австриски производител на државни болници.

Вили Берош веднаш по овој скандал беше разрешен од премиерот Андреј Пленковиќ. Тој тврди дека е невин а обвинувањата биле неосновани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…