Епидемија на хепатитис А владее во училиштата во Загреб
Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист.
„Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице”, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб.
Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти.
„Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци”, рече Колариќ.
Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…