ЕРДОГАН НЕ СМЕЕ ДА СЕ КРИТИКУВА!? Казнети три телевизии за коментари за земјотресот
Трите телевизиски мрежи ја критикуваа владата на Ердоган за лошото справувањето со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата.
Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација казни три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за лошото справувањето со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата.
„На телевизиите „Халк ТВ“, „Теле 1“ и „Фокс“ им се изречени и парични казни и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, напиша на Твитер Илхан Ташчи, член на РТУК од редовите на опозицијата, пренесе Хина.
„Халк ТВ“ и „Теле 1“ се казнети со пет отсто од прометот во јануари и пет дена забрана за емитување на дневната програма. „Фокс ТВ“ доби казна од три отсто од прометот во јануари.
Трите мрежи се познати по тоа што ја критикуваат владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а „ТВ Халк“ е особено блиска до главната опозициска Народно-републиканска партија (ЦХП).
Опозицијата и независните медиуми ја критикуваат Владата за отсуство и слабата реакција во првите денови по земјотресот што беше со јачина од 7,8 степени според Рихтер. Ердоган минатата недела призна дека има „неуспеси“ во организирањето на помошта, оправдувајќи се со силината на земјотресот.
„Нивната неспособност ги чинеше животи десетици илјади наши сонародници“, рече претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу.
Турција, која во октомври лани усвои закон со кој објавувањето „лажни вести“ се казнува до три години затвор, во 2022 година беше рангирана на 149. место според слободата на медиумите од 180 земји, соопштија „Репортери без граници“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…