Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 во ракометното дерби
Дуелот од воведното коло во плејофот во Суперлигата во преполната сала „Боро Чурлевски“ донесе израмнет ракомет во кој двете екипи се менуваа во водство до 40-та минута, кога при водство на Вардар од 12-11, битолскиот состав влезе во серија од 8-2 и седум минути подоцна мина во водство од 19-14.
Битолскиот тим умешно ја сочува предноста до крајот на натпреварот за втора победа сезонава над големиот ривал во битката за титулата, откако Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 во октомври лани во Битола во регуларниот дел од сезоната со 29-25. На првиот меѓусебен дуел, пак, Вардар триумфираше во Скопје во септември со 30-25.
Најефикасен вечерва во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со осум голови, додека голманот Урбан Лесјак запиша седум одбрани, од кои две интервенции во серија во последниот напад на гостинскиот тим.
Матија Николиќ со пет голови беше најефикасен ракометар на Вардар 1961.
По воведното коло во плејофот на табелата води Алкалоид, кој претходно денеска славеше гостинска победа над Тинекс Пролет со 22-17.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува битката со огнот во Националниот парк…
Следи уште една пеколна и долга ноќ…
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
