ЕУ ја повика Македонија да ги осуди и гони актите на омраза против бугарското малцинство
Бугарија пред Советот за општи работи на ЕУ побарала нападите мотивирани од омраза врз етничките Бугари во Македонија и кривичното гонење за нив да бидат вклучени во документот на министрите за европски прашања. Советот за општи работи ги прифатила заклучоците на бугарската страна, објави денеска агенцијата БГНЕС.
Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување во Европската унија, се нагласува во декларацијата.
Бугарската заменик-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, изрази сериозна загриженост за зголемениот број на напади мотивирани од омраза насочени против граѓани на Македонија со бугарски идентитет, во врска со што била презентирана и предметната декларација.
За нашата земја, вратата на ЕУ беше цврсто затворена со години поради на ветото на Бугарија во серијата спорови за историјата, културата и јазикот.
Во јули беше постигнат договор меѓу двете земји што и овозможи на Македонија да го започне процесот на интеграција во ЕУ, откако Скопје се согласи да воведе неколку отстапки, вклучително и измени на Уставот во врска со промената на статусот на бугарското малцинство.
Дополнително, за измените на Уставот на Македонија е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов не е можно, поради што нема напредок во пристапниот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…
Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…
Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…