Објавено на:

Жена од Неготино му дала на “оџа” злато вредно 10.000 евра за да ѝ тргне магија

t

Жена од Неготино на возраст од 52 години била жртва на измама од лице кое се претставувало како оџа, и останала без злато во вредност од околу 10.000 евра.

Измамената В.Т. за ,,Фокус” ги раскажува деталите од немилиот настан, кој е пријавен во полиција, како што вели, за да ја предупреди јавноста да не наседне на лагите на лажниот оџа, но и со цел доколку некој има информација каде би можел да се наоѓа измамникот, да помогне во негово пронаоѓање.

Драмата на В.Т. и нејзиното семејство започнала сосема случајно, кога таа со сопругот и неколку роднини тргнале кон Радовишко, од каде таа потекнувала, односно имала стара куќа во селото Папавница. Запреле покрај патот за да наберат билки за чај, и тогаш покрај нив со возило запрел маж на возраст од околу 40 години.

Им пришол, ја погледнал и и рекол дека на челото и пишува дека и е направена магија. Ја прашал дали има здравствени проблеми, а таа се зачудила како тој може да знае, бидејќи навистина минала низ повеќе тешки здравствени искушенија.

Тогаш мажот, кој се претставил како Сукри од Виница, и појаснил дека во нејзината стара куќа има сокриено многу злато, кое било проколнато, и се додека не се најде, нејзиното семејство ќе има проблеми во животот. Се понудил како искусен оџа да помогне во пронаоѓањето на златото, а таа и нејзиното семејство ја прифатиле неговата помош.

-Ни рече дека нема да видиме бел ден додека не биде најдено закопаното злато. Имало такви приказни за закопано злато во минатото, и јас ги имав слушнато, па не требаше многу, за да му поверуваме на Сукри. Тој се понуди да дојде со нас во нашата стара куќа, а кога стигнавме таму ни кажа да ископаме дупка. Потоа побара да му дадеме се што имаме златно на себе. Јас и роднините ги извадивме прстените и целиот накит кој го носевме, и тој го закопа во дупката. Рече дека треба да помине некое време, да бидеме трпеливи, па потоа ќе го решел целиот случај, односно ќе го најдел проколнатото старо злато, поради кое на нашето семејство му се случувале лоши работи со години наназад- раскажува жената.

Измамникот останал во контакт со нив, им се јавувал и им кажувал дека се работи за подолг процес, а во меѓувреме им побарал да одат во златара и да купат уште злато, односно златни плочки. Тие го послушале и тој ги закопал и плочките во истата дупка.

-Времето минуваше, ние верувавме дека тој знае што прави и очекувавме да го најде старото злато. Но, на секое наше јавување и прашање кога ќе се заврши работата, се повеќе наоѓаше изговори, дека треба време, дека чекал да поминат некои верски празници и слично. Кога потоа престана да одговара на нашите повици и го исклучи телефонот, јасно ни беше дека сме измамени. Се јавивме во Полициската станица во Неготино да пријавиме, но не упатија во Радовиш, бидејќи настанот се случуваше таму.
Мојот сопруг потоа пријави во Полициската станица во Радовиш, случајот го води инспектор од таму, и во очекување сме на разврска. За среќа, имавме и фотографија од измамникот, бидејќи еден од роднините успеал да го фотографира додека беше во нашата стара куќа. Додека чекаме полицијата да го најде, и самите се распрашувавме дали некој го знае и ја покажувавме фотографијата. Случајно дознавме дека тој всушност живеел во Кочани во минатото, а последните три години заминал од таму и никој не ја знаел неговата сегашна адреса на живеење.
Значи, тој може да биде било каде во Македонија и може да си најде и други жртви. Токму поради тоа, да спречиме и некој друг да биде измамен како што тоа ни се случи нам, сакавме да раскажеме за нашето лошо искуство – појаснува неготинчанката, со надеж дека измамникот ќе биде пронајден.

Додава дека од голема помош ќе биде доколку МВР ја објави јавно фотографијата од измамникот.

,,Фокус” побара повеќе детали за настанот кој бил пријавен во полиција минатиот месец, а од ПР службата на СВР Штип иако најавија дека дека ќе ни достават детални информации, сепак тоа не се случи до објавата на веста.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оџата од Арачиново доби „мерцедес“ за…

Оџата од Арачиново за Рамазан Бајрам на…

Пронајден е починат маж кај гостиварското село…

МВР информира дека синоќа околу 22.55 часот…

Втор случај со починато бебе во Неготино…

Бебе на возраст од неколку недели починало…

Труел кучиња: Кривична пријава за 62-годишен жител…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог…

Маж од Неготино фатен со кокаин во…

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33)…