Заев испрати камиони помош за настраданите од земјотресот во Турција

t

Денес преку Фондацијата Заев – едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испративме 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ, односно за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес.

Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош.

Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење.

Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…

ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…

Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…