Заменик градоначалникот на Скопје: Политичката незрелост и деструкција, ВМРО-ДПМНЕ си поигрува со судбините на вработените во ЈСП
Одговорноста за неизвесноста и ситуацијата во која се доведени вработените во ЈСП и граѓаните на Град Скопје е исклучиво кај ВМРО-ДПМНЕ.
Политичката незрелост и деструкција која ја демонстрира ВМРО-ДПМНЕ преку својата советничка група во Град Скопје не е ништо друго освен поигрување со судбините на вработените во ЈСП и граѓаните кои зависат и го користат јавниот превоз во градот.
Денес Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница која патем е втора вонредна седница по ред во новата 2024 година исклучиво поради политичката волја на раководството на ВМРО да предизвика хаос во градот, паника кај вработените во претпријатијата и револт кај граѓаните.
Трагично и несериозно е да се блокира субвенционирање на јавни претпријатија во градот, особено ЈСП кои патем се нормална пракса преку 15 години. Уште потрагично е сега да се кажува дека субвенции не треба да има, а истиот тој што го кажува тоа во минатото во некој друг мандат гласал со две раце.
Службениот Гласник на Град Скопје може да ни послужи да ги потсетиме токму тие колеги советници во која година колку субвенции за ЈСП се изгласани и доделени по години па можеби ќе се пронајдат, потсетат или засрамат за тоа што го прават денес.
Малку перверзно што со претставниците од колицијата “Обнова за Македонија“ во Град Скопје не можеме да звборуваме за обнова на возниот парк и нови автобуси во Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…