Запленет кокаин при претрес во Кисела Вода

t

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје продолжувајќи со оперативните активности за откривање и сузбивање на недозволена трговија со дрога вчеравечер (05.08.) околу 22:30 часот, а по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршија претрес во дом во скопската населба Кисела Вода во кој што престојува лицето П.Ф. (20) од Скопје.

При претресот откриени и запленети се најлонски кеси со бела прашкаста материја, односно кокаин со различна грамажа, една дигитална вага со остатоци од прашкастата материја, парични средства (во денари и евра) а затекнато е и лицето Ф.К. (22) од Скопје кај кого е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја, односно кокаин.

Севкупната количина на дрога откриена при овој претрес изнесува околу 22 грами или според вредоста на нарко-пазарот околу 2.200 евра, така што заедно со претресот што ЕНТ при СВР Скопје го изврши вчераутро, за што МВР веќе ја информираше јавноста, вчера беа откриени и заплененти околу 122 грами кокаин.

Инаку, по консултации и наредба на надлежен ЈО од ОЈО скопје двете лица се лишени од слобода и приведени во ПСОН Кисела Вода за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

За еден месец, македонската полиција запленила 97…

Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…