Започна сослушувањето на законските застапници на жртвите од Пулс
Денеска во Обвинителството во Кочани започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите од кочанската трагедија, соопштија од Обвинителството.
– Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”. – стои во соопштението за медиумите.
Во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Во досегашниот тек на истрагата се осомничени 45 физички и три правни лица. Дел од истрагата поврзана со полициските службеници кои се осомничени ја води Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…