Затворска љубов: Затвореник ѝ купувал онлајн подароци на сопругата од туѓа картичка – Кавадарчанец плаќал за сето тоа
Триесет-годишен маж од Струга, кој се наоѓа на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Штип, со податоци од туѓа трансакциска сметка и пин код купувал од онлајн продавници подароци за својата сопруга. Исто така, тој подигнал и повеќе кредити во име на сопственикот на сметката.
Против него е подигнато обвинение од страна на ОВР Кавадарци, како и против неговата 38-годишна сопруга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – измама, злоупотреба на лични податоци и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.
Според СВР Велес, стружанецот кој е во затвор, преку социјалната мрежа Фејсбук успеал да доведе во заблуда кавадарчанец на возраст од 37 години, и се здобил со неговите лични податоци, трансакциска сметка и пин код.
Тоа се случувало во периодот од јули до септември минатата година.
Освен подигнатите кредити во повеќе финансиски друштва во име на кавадарчанецот, тој си пазарел и во повеќе онлајн продавници, а порачките ги добивала неговата сопруга.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…