Захарова: Непријателските акции на Естонија нема да останат без одговор
Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
-За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. Русофобијата таму е официјална доктрина, рече Захарова.
Таа додаде дека во исто време Естонија „сака да ги задоволи своите спонзори од другата страна на океанот“.
Министерството за надворешни работи на Естонија денеска соопшти дека Русија мора да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Талин до 1 февруари.
Во соопштението се прецизира дека Русија мора да го намали бројот на дипломати на осум, колку што има Естонија во својата амбасада во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…