За Американците најдоверливи се “Lexus” и “Toyota”, Tesla доби 49 од 100 поени, а Mercedes – само 23
Истражувањето на најдоверливи автомобили во САД, спроведено од непрофитна организација за потрошувачи посветена на тестирање на производите, “Consumer Reports”, покажа дека “Lexus” и “Toyota” се на прво место според доверливоста, додека “Mercedes” и “Chrysler” се на дното на списокот на 30 производители на возила.
“Porsche “и “BMW” се на осмото и деветтото место, а од вкупно 100 поени од анкетираните возачи, тие добија 66, односно 64 поени.
Истражувањето е направено за да се создаде листа на најсигурни автомобили врз основа на проблемите што возачите ги имале со своите автомобили во последните 12 месеци.
Според Американската агенција за рангирање возила, доверливоста е најважниот критериум за купувачите на автомобили, над безбедноста, достапноста или ефикасноста на потрошувачката на горивото.
За истражувањето на задоволството на потрошувачите, “Consumer Reports” собра податоци за повеќе од 330.000 возила, покривајќи го опсегот на модели од 2000 година до почетокот на 2024 година, и кои вклучија 17 потенцијални проблематични области, вклучително моторот, менувачот, електрониката во автомобилот и повеќе за да се одреди резултатот за доверливост за 30 производители на автомобили.
Најновото рангирање вклучува три нови проблематични области кои се фокусираат конкретно на хибридите, plug-in хибридите и електричните возила.
На прво место е “Lexus” со 79 поени од можни 100, “Toyota” има 79 и “Mini” 71, а потоа следат “Acura” со 70 и “Subaru” со 69 поени. “Mazda” има 67, “Porsche” 66, “BMW” 64, “KIA” 61, “Hyundai” 56, “Buick” 54 и “Infiniti” 53 поени.
“Tesla” е првиот производител кој има под 50 поени – поточно 49, а потоа следат “Ram”, “Cadillac” и “Nissan” со по 45, “Audi” е на 19-то место. Chevrolet на 20, “Dodge” на 21. Следат “Ford”, “Lincoln”, “GMC”, “Volvo” и “Jeep”. На последните три места се “Rivian”, “Mercedes” и “Chrysler” со 24, 23 и 19 поени, соодветно“, според истражувањето на “Consumer Reports”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…