За малку сензација: Фјури едвај го преживеа Нгану во спектаклот во Ријад
Тајсон Фјури остана светски шампион во ВБЦ верзијата и покрај тоа што се наоѓаше пред нокаут во дуелот со предизвикувачот Франсис Нгану од Камерун, во борбата што се одржа во Ријад.
Нгану го патосираше Британецот во третата рунда со лево кроше, но потоа 35–годишниот Фјури успеа да се опорави, во четвртата да биде неспоредливо подобар, а откако сфати дека за противник има сериозен ривал, не дозволи подобро да се најде во слична ситуација и на крајот, по десет рунди, дојде до победата на бодови. Двајца судии гласаа за него (96-93 и 95-94), а еден бодуваше во корист на Нгану (95-94).
REPOST if you are proud of Francis Ngannou.
Ngannou performed better than Deontay Wilder when he fought Tyson Fury.#BattleOfTheBaddest pic.twitter.com/0YS8AHc4WO
— Tsingerosi Zingerosi (@Tsingerosi) October 28, 2023
„Тој е ѓаволски добар борец и мнигу подобар отколку што мислев. Многу незгоден човек и многу го почитувам. Ми овозможи една од најдобрите борби во последните 10 години. Нема клаузула за реванш со Нгану, но сакам пак да боксувам со него“, изјави Фјури кого на 23 декември го очекува меч за апсолутен шампион со украинскиот боксер Александар Усик, сопственик на останатите три престижни појаси: ИБФ, ВБА и ВБО.
Тој имаше 71 обид за удар, погоди 39 од нив, а Нгану „само“ 59 удари и погодени 22. Пасивноста на крајот скапо го чинеше Камерунецот кој имаше историска шанса да го победи Фјури. Тој е поранешен ММА борец, но покажа дека добро се снаоѓа и во бокс.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…