За МНР предлогот за конзул во САД се шпекулации и лажни вести

t

Mинистерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, велат од МНР.

Од таму додаваат дека во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.

Од Кабинетот на Претседателот на државата вчеравечер појаснија дека постапката за именување на генерален конзул на Република Македонија во странство не е во надлежност на претседателот на државата, туку е во надлежност на Министерството за надворешни работи и Владата, и истата е регулирана со Законот за надворешни работи.

Од Владата нема потврда за информацијата дека 28-годишната ТВ-презентерка на вести, ќе биде генерален конзул во Њујорк како што објави порталот „Зум“. Од Владата не потврдуваат ниту дали имало затворена седница на која се донесени одлуки за испраќање на Ејупи во Њујорк, но и за пополнување други позиции во македонски дипломатско-конзуларни претставништва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски на 21. Бледски стратешки форум: Во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…