Објавено на:

За четири години Косово изгуби над 210.000 жители

t

Претседателот на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, по објавувањето на прелиминарните резултати на пописот на населението, изјави дека се потврди оти за последните четири години Косово изгубило над 210 илјади жители, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи го нарече прелиминарниот резултат на пописот, кој во петокот го објави Агенцијата за статистики на Косово (АСК), како „лоша и многу болна вест“.

– Без да се впуштиме тука во точноста на објавените бројки, лоша и многу болна вест е што врз основа на официјалните податоци на АСК се потврдува дека само во последните четири години Косово загубило над 210 илјади жители, вели Красниќи во објава на неговата страница на Фејсбук.

Повикувајќи се на податоците на АСК, Красниќи рече дека е потврдено оти во 2020 година Косово имало 1.798.186 жители, додека сега Агенцијата ја објави „оваа тажна бројка од само 1.586.659 жители“.

– Граѓаните, особено младите во Косово, ја напуштаат државата! Или, подобро кажано, Владата ги напушти нив и нивните соништа. Оваа вест ги радува само оние кои не ѝ сакаат добро на нашата земја. Оваа бројка бара итна политичка акција. Нашите граѓани заслужуваат повеќе и подобро – во близина на своите семејства и во сопствената држава, порача Красниќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…

Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…