За 250 евра, во кутија со колачи Васил кој ја прегази Фросина добил мобилен во „Шутка“
Возачот кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“.
Телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов.
…Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.
Уште од првиот ден, кога Јованов влегол во притвор, почнал да бара телефон. Иако е јавна тајна дека уреди има низ повеќе ќелии, никој не се осмелил да му даде. Сепак, овој муабет стигнал до притвореник кој е во затворот повеќе од година. Тој се понудил да му обезбеди, но и да биде платен.
Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“.
Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…