Здружено власта и опозицијата изгласаа посебна постапка за поставување на фотоволтаици
Со 84 гласа „за“, денеска пратениците на 84-тата седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.
Овој закон предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.
Со Законот за градење, фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување согласно членот 74 од Законот.
Со измените на Законот за градење, се брише одредбата со која општината треба да издаде решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители.
По изгласување на Законот, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата, посочувајќи дека за следните точки уште не се завршени постапките, односно соодветните Комисии не ги разгледале точките, и затоа нема услови да се продолжи оваа седница, за чие продолжување јавноста ќе биде дополнително информирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се задолжуваме со 87 милиони евра –…
Државата ќе гради три фотонапонски електроцентрали Битола…
Јакимовски: Училиштата во Карпош ќе произведуваат повеќе…
Училиштата во Општина Карпош ќе произведуваат повеќе…
Шпанија ни дава грант од над 760.000…
Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство…
Сите по стапките на функционерите: Издадени 355…
Во Македонија постои се поголем интерес за…
Со европски пари 25 училишта во Македонија…
Министерството за образование и наука ќе ја…