Зеленски вели дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади, пренесува Sky News.
Тој го изјави ова откако Русија денеска изврши големи напади врз електрани во централна и западна Украина.
Според локалните власти и украинскиот министер за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетски постројки, термо и хидроелектрични централи во областа Камјанск во близина на градот Днепро, како и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Терористичката држава Русија сака да ја повтори еколошката катастрофа во регионот Керсон по уништувањето на браната Каховка“, изјави денеска Зеленски.
„Овој пат не е загрозена само Украина, туку и Молдавија“, додаде тој и повторно ги повика западните земји да и помогнат на Украина со испраќање опрема за противвоздушна одбрана, велејќи дека мора да дејствуваат „брзо и решително“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Бесмислено е СНС да учествува на…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, смета…
Мицкоски: Реалната нето-плата пораснала за 5,2 отсто,…
Реалната нето-плата во Македонија бележи годишен раст…
Мачето Мими бара дом: Вработените на Клиниката…
Една необична и топла приказна доаѓа од…
Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека Националното…
Почина италијанскиот дизајнер на накит и бизнисмен…
Италијанскиот дизајнер на накит и бизнисмен Паоло…