Објавено на:

Зеленски и го враќа на Полска доделениот „Орден на белиот орел“

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и го враќа на Полска високото државно признание „Орден на белиот орел“, откако претходно полскиот претседател, Карол Навроцки, порача дека одликувањето се одзема поради истоиски спор.

Одлуката доаѓа во контекст на зголемени тензии околу историските прашања меѓу двете соседни земји.

„Бевме уверени дека ‘Орденот на белиот орел’ во 2023 година му беше доделен токму на украинскиот народ и на нашата војска. Верувам дека иднината ќе го потврди почитувањето кое Украинците го уживаат“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Тој нагласи дека Украина не ја заборава поддршката и соработката на Полска во војната против Русија.

Зеленски додаде дека Украина останува отворена за конструктивен дијалог со Полска со цел да се избегнат погрешни толкувања на чувствителните историски теми и да се почитуваат сите жртви од 20 век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…

(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…

Во Полска на 20 ноември експлодирале три…

Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…

НАТО активираше борбени авиони како одговор на…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

(Видео) Полска ја активира противвоздушната одбрана по…

Полските вооружени сили ја зголемија готовноста на…