Зеленски: Први јануари ќе биде ден на жалост во Киев

t

Бројот на загинати во најголемиот руски воздушен напад врз Украина денеска се искачи на 39, а 159 лица се повредени, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Работата за отстранување на последиците од вчерашните напади сè уште трае. Оштетени се речиси 120 градови, села, стотици цивилни згради“, напиша Зеленски на платформата „Телеграм“.

Украинскиот претседател додаде дека за време на нападот руските сили користеле различни видови балистички и крстаречки ракети, како и беспилотни летала произведени во Иран.

Воздушната одбрана на Украина соопштила дека биле соборени 87 руски ракети и над 30 дронови.

Најмалку 16 лица загинаа во Киев, што е најголем број на жртви во еден ден во тој град во последните 22 месеци војна, изјави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко, наведувајќи дека потрагата по луѓе во урнатините продолжува.

Спасувачките операции се во тек и во други градови и села во централниот, јужниот и западниот дел на земјата. Киев го прогласи 1 јануари за ден на жалост за загинатите во вчерашните руски напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Жената осомничена за бомбашкиот напад врз украинскиот…

Tело на жена е пронајдено во близина…

Најмалку 13 загинати и десетици повредени по…

Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се…

(Видео) Русија бомбардираше едно од најголемите христијански…

Едно од најголемите христијански светилишта во Киев…