Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама
Украина и е благодарна на Европската Унија за нејзината силна поддршка од самиот почеток на војната и во текот на целиот овој период, како и во текот на минатата недела, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа, на кој е поканет како гостин.
-Вие останавте со нас. Многу сме ви благодарни што не сме сами. И тоа не се само зборови. Ние го чувствуваме тоа, рече Зеленски придружуван од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Според Зеленски, од исклучителна важност е што ЕУ испрати „силен сигнал“ до украинскиот народ, до борците, до цивилите и до сите украински семејства дека не се сами.
-Го чувствуваме и го знаеме тоа. Тоа е сигнал за зголемување на нашето (одбранбено) производство и за зајакнување на нашата безбедност. Тоа се важни одлуки, додаде Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…