Земал пари за да опожари возило, уапсени две лица од Прилеп
Вчера полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.
Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б..
Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото.
Денеска до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори
Поранешниот претседател и носител на листата на…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…