ЗНАМ ги соопшти условите до СДСМ за евентуална соработка

t

Целиот мој живот сум борец. Никогаш не пласирам удари под појас. Не прифаќам да разговарам зад завесите и преку емисари кои секојдневно не контактираат. Затоа денес отворено ги кажувам своите ставови и ставовите на ЗНАМ, изјави денес лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, повикувајќи ги сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат по свое лично уверување за претседателските кандидати и парламентарните состави.

Димитриевски испрати порака до, како што рече, чесните членови и симпатизери на СДСМ.

-Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата политичка партија како ве држи во заложништво и како стe гневни на сите нив, а молчите. Gневен сум и јас. Етички исправно е да направам обид заедно да ги спасиме асномските и крушевските леви принципи. Ова се нашите услови на ЗНАМ за разговор за евентуална можна соработка:

-Во наредните 24 часа, раководсттовот на СДСМ да поднесе оставки од сите можни функции во партијата;

-Носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да потпишат изјава дека нема да прифатат пратенички мандати;

-Да се обврзаат дека нема да го заговараат соработка со сегашното ДУИ, за да покажат дека ја примиле пораката од граѓаните и постапиле по истата;

Овие услови не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ. Нашите работни групи се подготвени за разговори со некое преодно техничко раководство на СДСМ кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на нивните политики, кажа Димитриевски.

Доколку ова не се случи, додава тој, никој од раководството на СДСМ нема право да му се обраќа на ЗНАМ, бидејќи, според него, ќе потврдат дека нивната цел е само да стигнат до пратеничките мандати и имунитетот на тие мандати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ…

Русија го разнесе командното место на бригадата…

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА: Вкупната…

Од 10 до 16 мај пријавени се…

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА…

Се надевам дека вчерашната изјава на Христијан…

Полицијата ја претресе куќата на атентаторот на…

Словачката полиција изврши претрес во домот на…

Томислав Николиќ е добро по сообраќајката

Томa Николиќ, поранешен претседател на Србија и…