ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака

t

Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да го коментира делувањето на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија и нашите јавни реакции кон владиниот коалиционен партнер Вреди.

Ниту новото раководство на СДСМ не е политички созреано да го разбере принципиелниот пристап на Движењето ЗНАМ во смисла на почитување на имплементацијата на заедничката владина програма, како и Уставот и законите на Македонија, реагираат од Движењето ЗНАМ.

СДСМ се навикнати, по принципот на давање помал отпор, секој да им прави што сака во нивниот двор, само за да можат да си ги остваруваат сопствените бизнис интереси на нивната врхушка предводена од центарот во Муртино.

Е, тоа кај Движењето ЗНАМ-За наша Македонија не поминува.

При преговорите со ВМРО ДПМНЕ за наше учество во владата ги дефиниравме принципите за функционирање на владата и ние конзистентно се држиме до тоа.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш јавно ќе реагира доколку има нарушување на овие принципи.

На нелегитимно поставениот Претседател на СДСМ и директор на фондацијата Заев му препорачуваме повеќе време да инвестира во обновата на неговата партија со нарачка на соодветна инфузија, затоа што партијата се наоѓа во прединфарктна состојба, отколку да се грижи и да ги коментира политиките на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…

Нова пратка со зеленчук од Македонија е…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила

Жена од струшкото село Октиси е пријавена…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…