Иванов во посета на Кинеската академија на општествени науки во Пекинг
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов од 1 до 4 Ноември учествуваше на деветтиот симпозуим на високо ниво во организација на Кинеската академија на општествени науки од Пекинг, на тема “Соработка во нови околности: Статус кво и аспирации”.
Во своето излагање Иванов се осврна на овогодинешниот јубилеј 30 години од воспоставување на дипломатските односи и 30 години пријателство меѓу Република Македонија и Народна Република Кина.
„Од воспоставувањето на дипломатските односи Народна Република Кина има обезбедено за Македонија преку 325 милиони јуани помош за образование, медицинска нега, научни истражувања и други области. Трговскиот баланс е со константен трговски дефицит за Македонија. Во 2022 година остваривме извоз од 57 милиони долари, а увезовме стока во износ од 994 милиони долари. Кина е четврта земја по ред со која Македонија остварува најголем обем на размена со светот, а веројатно наскоро ќе биде и трета“, порача Иванов.
За време на симпозиумот поренешниот претседател Иванов оствари средби со претседателот на кинеската академија за општествени науки Гао Џианг, како и со дел дел од своите поранешни колеги Борут Пахор, поранешниот претседател на Словенија, Младен Иваниќ, поранешниот претседател на претседателството на Босна и Херцеговина и Иван Мркиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Република Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…