Избори: Филипче во четворка, Спасовски во тројка лидерски дуел во првата изборна единица

t

Откако стана јасно како ќе изгледа гласачкото ливче за претседателските избори, парламентарните се враќаат во фокусот особено откако вчера, опозицискиот лидер Мицкоски речи си ги официјализираше носителите на листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреварува на изборите. Тој ќе ја предводи листата во првата изборна единица, во двојка ќе биде потпретседателот Мисајловски, пратеникот Ковачки во тројка, Александар Николоски во четворка и пратеничката Дафина Стојановска во шестката. Петтата изборна единица опозицијата се уште ја нема дефинирано.

Во СДСМ се уште нема официјални информации, но неофицијално Ковачевски веќе потврди дека ќе биде носител во првата изборна единица. Двојката би требало да биде за Сања Лукаревска иако таму шанси има и Фатмир Битиќи. Во тројката се прави анализа меѓу Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. Четворката веројатно ќе биде за Венко Филипче, а во петката се споменува името на Славјанка Петровска. Се уште се бара кандидатот за шестата изборна единица.
Од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите во првата изборна единица се најави лидерот на Левица Апасиев и скопската градоначалничка Арсовска.

Албанските политички партии главната битка ќе ја водат во шестката. Таму се очекува дуел на Ахмети со Касами додека Меџити и Гаши се очекува да се распоредат во првата и втората изборна единица.

Се ќе биде дефинирано до крајот на месецов имајќи предвид дека последниот рок за пријавување на кандидатските листи истекува на 3 април. Кампањата за парламентарните избори почнува на 18 април, две недели претходно на 4 април ќе стартува и кампањата за претседателските избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГАЦОВ: АЛТА банка Битола е македонска банка,…

АЛТА банка АД Битола е македонска банка…

Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…

Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…

Мицкоски во работна посета на германската покраина…

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…