„Извинете, ама Ѓоковиќ не е најголем фаворит за триумф на Вимблдон“
Неофицијалното светско тениско првенство, како што се нарекува гренслем-турнирот „Вимблдон“, почнува денеска на терените на „Ол Ингланд клубот“ каде што според најголем дел од познавачите и навивачите се очекува историски триумф на Новак Ѓоковиќ.
Српскиот ас е во низа од четири победи во Лондон, каде што десет години нема пораз на натпреварите на Централниот терен, но и покрај сето ова се уште има луѓе кои не веруваат во неговиот успех годинава. Еден од нив е и поранешниот вимблдонски победник, Германецот Михаел Штих, кој триумфира во 1991 година.
„Новак има визија да триумфира на сите четири гренслем-турнири, но извинете, ама за мене тој не е прв фаворит на ‘Вимлдон’. Мој прв фаворит е Карлос Алкараз, кој пред неколку дена го освои првиот трофеј на трева. Шпанецот има неизмерна радост во играњето, брзо учи и има способност за брзо прилагодување“, изјави Штих.
Ѓоковиќ битката за петтиот по ред триумф на турнирот во Лондон го почнува денеска, со мечот против Педро Каќин (14.30 часот).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…
Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…