Извозот зголемен за 20.8, а увозот за 27.8 отсто

t

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471 373 069 илјади денари и бележи пораст од 20.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 684 609 418 илјади денари, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213 236 349 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 68.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…

Кумановец условно осуден за веење на знаме…

Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово добил условна…

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…