Илир Мета сакал да бега во Унгарија, ама не му одобриле политички азил?

t

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета, пред да биде уапсен побарал политички азил во Унгарија, но бил одбиен.

Ова го изјави еден од најпознатите албански адвокати, Спартак Нѓела, инаку поранешен министер за правда во владата на Сали Бериша.

Гостувајќи во емисијата „Албански живот“ на албанската државна телевизија, Нѓела рече дека Мета на денот на апсењето се враќал од Косово, каде што патувал за да продолжи кон Унгарија, но морал да се врати во родната земја откако властите во Будимпешта не го прифатиле неговото барање за политички азил.

– Тој побара политички азил во Унгарија, а Будимпешта не му го даде. Затоа беше во Косово, одеше натаму, но се врати. Тоа е во рамките на меѓународните правила, побара политички азил и Будимпешта не му даде политички азил, рече Нѓела.

По налог на Специјалното обвинителство против организирал криминал и корупција, СПАК, Мета беше уапсен во понеделникот попладне, на 21 октомври, во Тирана на враќање од Косово.

Обвинението го товари за 3 обвиненија, корупција, непријавување и прикривање имот и перење пари. Вчера му беше потврден затворскиот притвор, мерка која ја издржува во затворот “313” во Тирана.

Неговиот адвокат Генц Ѓокутај најави жалба, откако денеска го посети Мета во затворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…

Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…

Од јахти и приватни авиони до десетици…

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…

По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…

Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари,…

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари…