Имаме со што да се гордееме – Македонците се почитувани ширум светот: Веса од Македонија веќе 50 години ја одржува централната железничка станица – доби големо признание!
Весела Грјоска, 80-годишна Македонка од Сиднеј веќе половина век ја одржува централната железничка станица во австралиската метропола. Таа 50 години работи како хигиеничарка на железничката станица во Сиднеј и вели дека и покрај возраста, не планира да се откаже од работата.
Веса е добро познат лик на најфреквентното место во Сиднеј, а токму поради својата вредност и виталност нејзината приказна се најде и во австралиските медиуми.
– Железничката станица не е тоа без Весела! Веса 50 години ја одржува станицата чиста и блескава и не планира да забави – се наведува во офалбата од железничката станица во Сиднеј.
Весела Грујоска од Македонија се доселила во Австралија во 1970 година и првично работела во фабрика, но три години подоцна добила работа во железницата и таму останала цели 50 години.
Позната е како вредна жена и работничка која никогаш не била на боледување, а и многу празниците низ годините ги поминала на своето работно место. Како самохрана мајка израснала две деца, а денес е горда баба на три внуци.
Во изјавата за „СБЦ на македонски“, Весела вели дека работата ја „одржала млада и здрава“ и дека и денес на 80-годишна возраст таа не може да замисли да не работи.
Приказната за вредната Македонка која и во деведесетата деценија од животот работи тешка физичка работа, предизвика различни реакции во јавноста. Од пофалби за вредната и посветена работа и желби да добие награда за својот придонес, до критики дека „работата не е сѐ во животот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…