Инспектор „киднапирал“ државен правобранител – Поднесена е кривична пријава

t

Инспектор во Управата за финансиска полиција малтретирал и „киднапирал“ државен правобранител, дознава Инфомакс и за истиот настан веќе е поднесена кривична пријава во Обвинителството за гонење на организиран криминал во Скопје.

Државен правобранител надлежен за Струга и Дебар со иницијали К.Т.С. поднела кривична пријава против Љуљзим Јараши инспектор во финансова полиција за кривично дело „Малтретирање во вршење на службата“.

Се работи за настан кој се случил пред неколку дена кога при службена комуникација помеѓу неа и Јашари, инспекторот започнал да се иживува со правобранителката, да ја застрашува, навредува и малтретира.

Со своето однесување Јашари покрај личните навреди кој ги упатил на адреса на правобранителката ја понижил и омаловажил и фунцкијата Државен правобранител.

Таа била контактирана од Јашари кој и посочил дека во просториите на Финансова полиција треба да обави службен разговор со неа. Поради зголемен обем на службени обврски таа му посочила дека кога инспекторот бил во просториите на правобранителството од страна на државниот правобранител Надежда Ѓореска му биле доставени сите потребни информации и документи за случајот за кој бил заинтересиран.

На инсистирање на Јашари, правобранителката прифатила да оствари среба и да го земе со себе предметот за оттуѓување на градежно земјиште во Дебар при што ги посетила просториите на Финансиската пчолиција во Скопје.

Правобранителката била шокирана откако и бил даден документ од соработничка на Јашари со кој таа се откажува од правото на бранител или толкувач иако претходно не била запознаена дека и се заканува кривичен прогон. Соогласно член 69 од законот за кривична постапка таа мора да биде известена дека се лишува од слобода поради сторено кривично дело.

Инспекторот непочитувајќи ги процедурите ја принудил правобранителката да напише изјава на кој начин и врз основа на кои членови од Законот дала мислење за оттуѓување на градежно земјиште за конкретниот случај.

Таа била сместена во собра за испрашување, а и бил одземен и телефонот. Поради преголем стрес имајќи во предвид дека била фигуративно кажано киднапирана од органите на прогонот замолила да оди до тоалет, по што Јашари буквално ги преминал сите граници влегувајќи во женскиот тоалет по правобранителката.

До овој момент правобранителката немала никакви информации за тоа дали е за нешто осомничена за да може да го оствари своето право на одбрана.

Правобранителката го запрашала Јашари зошто е повикана тој почнал да ја омаловажува и навредува. Откако правобранителката објаснила што се случува со случајот и како одулуката на правобранителството е базирана на факти и докази од државни органи, а воедно во целост се испочитувани Законите и законските одредби, Јашари започнал да и се заканува на правобранителката.

Одлуката на правобранителството за одземање на имотот во конкретниот предмет соогласно тврдењата на правобранителката се базира на доказите доставени од страна на општината Дебар.

И покрај изнесените факти од правобранителот, Јашари и натаму инсистирал дека таа погрешила потенцирајќи дека била во заблуда. Потоа инспекторот започнал да констатира дека донесената одлука била под нечие влијание по што следувале и закани од страна на Јашари цитат „ќе бидеш колатерална штета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…