Исто како со името: Власта најави дека уставните измени ќе се водат преку јавни дискусии

t

Власта најави дека уставните измени ќе се водат преку јавни дискусии за да се изгради широк општествен консензус, за опозицијата тие не се приоритет за граѓаните.

Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии со вклучување на сите засегнати страни со еден изграден широк општествен консензус, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Дебатата за уставни измени, според него, мора да почне на експертско ниво, бидејќи треба прво да се напишат уставните амандмани за да можат граѓаните и сите други да видат како изгледаат тие. За лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, пак, уставните измени не се приоритет за граѓаните.

Ковачевски кажа дека дебатата за промените во Уставот ќе започне на експертско ниво.

– Тоа ќе го направат експерти од Министерството за правда, универзитетски професори и сигурно претставници на политички партии. Во однос на вклучување на сите политички партии, нормално дека тие ќе бидат вклучени во самиот процес, бидејќи процесот на уставни измени предвидува вклучување на сите во Собранието, бидејќи тој се одвива во Собранието во неколку фази, рече Ковачевски.

Премиерот најави дека во јавните дискусии ќе бидат вклучени академската и деловната заедница, граѓанските организации, медиумите…Се со цел тоа да биде изградено со еден општествен широк консензус, рече Ковачевски вчера по увидот на изградба на градинка во општина Центар.

Тој исто така повтори дека за уставните измени е потребно двотретинско мнозинство до нашето полноправо членство во ЕУ, додавајќи дека со вакво мнозинство треба да се носат измени во обвинителската, судската сфера, во децентрализацијата, во реформите во јавната администрација.

Затоа, според него, треба да се изгради широк општествен и национален консензус во однос на тоа дека овие прашања се за иднината на државата.

-Ќе се навратам на анкетата за ЕУ, нашите граѓани сакаат да живеат по европски стандард, заслужуваат да живеат по европски стандард, а тоа се прави во земја членка на ЕУ, меѓутоа нашите граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука дома во Македонија, а не да живеат во земја членка на ЕУ во туѓина, рече Ковачевски.

Ковачевски, исто така, кажа дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.

– Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да се приклучат на „Европскиот сојуз“, а кои сакаат да учествуваат во носење одлуки кои значат побрзо зачленување во ЕУ и носење побрзо и поефикасно на реформските закони за сите значајни области во Собранието, рече Ковачевски.

Додаде дека доколку која било партија оцени врз основа на своите определби и визија и одлуки дека сака да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата и е отворена.

Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека има партии кои декларативно се „за“ влез во Европската Унија или НАТО, но не поддржале ниту една одлука поврзана со нашето зачленување во нив.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од Брисел порача дека интегративниот процес на земјата е стабилен и изборот е јасен – Македонија целосно интегрирана во Европската Унија, констатација која произлезе од состанокот со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина, Паоло Џентилони. Битиќи посочи дека Џентолини ја потврди заложбата и ставот на Европската комисија дека Македонија е од стратешко значење за Унијата.

– Силно сме посветени на усогласување на правото и регулативите на Европската Унија со цел полноправно членство. Но, поважно, подготовка и зголемување на конкурентноста на домашната економија со цел што побрза и полесна транзиција кон единствениот пазар на ЕУ. Од нас зависи, ние мораме да работиме дома, сите заедно кон исполнување на оваа цел до 2030 година, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…