Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал од патот
Велешанецот на возраст од 49 години, кого вчера неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.
Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.
– Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот `Пријателство`, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, `форд фокус` со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – известија од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…
Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…
Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во…
Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…
Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…