Исчезнат 77-годишен велешанец пронајден починат во ТИРЗ-Штип

t

На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом.

Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат.

На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ – Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г. По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…