Објавено на:

Италијанската полиција му одзела возачка дозвола на поднапиен пешак

t

Полицијата во Италија му ја одзела возачката дозвола на поднапиен пешак. Ова се случило во градот Комо на 30 ноември, а за целиот случај проговори адвокатот на казнетиот Ивано Киеза.

Човекот бил на вечера со пријател, а се паркирал на место каде што не смеел, па општинската полиција решила да му напише казна. Кога излегле од ресторанот, двајцата им пришле на полицајците да проверат што се случува, а чуварите на редот решиле да ги подложат на алкотест.

– Алкотестот на мојот клиент покажа нешто повисока вредност од дозволената. Му ја одзедоа возачката дозвола и покрај тоа што мојот клиент во тој миг не возел, ниту пак, бил штотуку излезен од автомобилот. Тој бил само пешак, изјави неговиот адвокат за „Л’унит“ (L’Unit).

Човекот решил да ја обжали одлуката и жалбата била прифатена.

– По одлуката на судијата, повторно отидовме во полиција за да ја вратиме возачката дозвола, но полицајците се спротивставија, велејќи дека мојот клиент прво треба да направи медицински тестови за да се утврди неговата способност за возење. Затоа реков дека ќе ги пријавам. Но, ми беше кажано дека тоа е вообичаена практика, рече адвокатот.

Судот го прифатил барањето на адвокатот, дозволувајќи да му биде вратена возачката дозвола на неговиот клиент. Но, на 22 февруари повторно ќе има ново рочиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека има загинати и ранети…

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…

Нови детали за акцијата на МВР и…

Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…

Полска спречила можна руска провокација кај границата…

Полските безбедносни служби спречиле можна провокација на…

Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…

Овој случај уште еднаш покажува колку е…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…