Италијанската премиерка му се поклони на Михајловиќ: Остави порака која не се однесува само на фудбалот!

t

И Џорџа Мелони, премиерката на Италија  дојде да му упати последен поздрав на Синиша Михајловиќ.

Италијанската премиерка вчера во Рим се поклони пред изложениот ковчег на фудбалската легенда. Откако братото на Синиша го донеше српското знаме и го прекри ковчегот, а претседателот на „Лацио“ Клаудио Лотито донесе неколку дресови на Миха со бројот 11, премиерката неколку мигови помина со сопругата на Михајловски, Аријана, а потока кусо се обрати.

Михајловиќ му остави порака на светот која не се однесува само на фудбалот. Личност како Синиша Михајловиќ носи храброст. Храброста доаѓа со знаењето, кое Михајловиќ знаеше да го пренесе и затоа беше почитуван од сите кои навиваа за неговите тимови. Животот е битка и мора да знаете како да се борите. Тој го правеше тоа чесно и почитувајќи ги правилата. Тоа го правеше во животот и во фудбалот, тоа го правеше како маж и тоа го правеше борејќи се со болеста, се до крајот.

Овде има нешто што е вредно за восхит, бидејќи тоа е големата оставина која остана зад улогаташто Миха ја имаше во општеството. Можете да бидете тренер, фудбалер, но и уште многу работи. Клучно е тоа што кога имате влијание врз другите, тоа да го пренесете и на нив. А тој знаеше како да го направи тоа. И тоа е причината поради која треба да му бидеме вечно балгодарни, рече премиерката на Италија, каде Синиша  живееше 30 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…

Во музеј на Сицилија, украдени се четири…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…

Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…

Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…

Италија со нов предлог за миграцијата: Центри…

Италија на денешниот вонреден состанок на министрите…