Италијанска партија им ветува на младите “мираз” од 10.000 евра кога ќе наполнат 18 години
Италијанската Демократска партија (ПД) ќе им понуди на младите „мираз“ од десет илјади евра кога ќе наполнат 18 години, се наведува во денеска објавениот партиски манифест.
Програмата на партијата содржи големи ветувања, како што се дополнителни плати за работниците и изградба на 500 илјади домови во рамки на програмата за социјални станови.
„Младите се моторот на иднината на Италија”, напиша лидерот на партијата Енрико Лета на Твитер заедно со списокот на ветувања за привлекување млади гласачи.
Лета рече дека таканаречениот „мираз“ има за цел да им помогне на младите да финансираат понатамошно образование, да платат сместување или да започнат бизнис во земја каде што повеќето социјални бенефиции се поврзани со пензиите.
Партијата предложи и државна гаранција за хипотеки за купување на прв имот, две илјади евра за кирија за студентите и намалување на старосната граница за гласање на 16 години од сегашните 18.
Пред партијата од левиот центар е тешка задача да ја спречи десницата да победи на престојните избори закажани за 25 идниот месец.
Демократската партија според анкетите ќе освои 23 отсто од гласовите. Минатонеделните анкети покажуваат дека десницата е на пат да освои големо мнозинство во двата дома на парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Италија поради одлуката на синџир…
Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Кими Антонели победник на ГН на Италија:…
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…