Италијанскиот МНР Тајани утре во посета на Македонија – Ќе се сретне со Сиљановска, Мицкоски, Муцунски

t

Вицепремиерот и Министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, утре ќе оствари посета на Црна Гора и Македонија, каде ќе се сретне со државниот врв на двете земји како потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремежот за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

„Западен Балкан е приоритет на нашата надворешна политика на која посветуваме постојано внимание, исто така и на мултилатерално ниво, претседавајќи со групата „Пријатели на Западниот Балкан”, со која повторно ќе се сретнам во Њујорк за неколку дена”, изјави министерот пред посетата. „Со мисиите и бизнис форумите што се одржуваат со сите земји од регионот, отвораме нови патишта за зајакнување на извозот и инвестициите на италијанските компании”.

Во Скопје Министерот Тајани ќе се сретне со Претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова, со Претседателот на Собранието Африм Гаши, со Премиерот Христијан Мицкоски и со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Северна Македонија е клучен партнер во обезбедувањето просперитетна иднина и стабилност за целиот регион на Западен Балкан. Работиме на надминување на секоја пречка на патот на Скопје за пристапување кон Европската Унија. Има многу голем потенцијал за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи почнувајќи од соработката во стратешките и секторите со висока додадена вредност”, изјави Тајани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Кими Антонели победник на ГН на Италија:…

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…