ИЈЗ: Регистрирани над 2.100 случаи на грип

t

На секои десет минути, дете со висока температура до 40 степени, слабост, главоболка, болно грло и сува иритирачка кашлица е прегледано од лекар во пунктот за педијатриска нега во поликлиниката „Бит Пазар“.

Пред новогодишните собири и прослави, грипот остави трага, полнејќи ги амбулантите.

Над 200 деца се прегледуваат и во амбулантите на Детската клиника и Клиниката за белодробни заболувања „Козле“.

Поради респираторни компликации, капацитетите за болничко лекување таму се речиси полни.

Доктор Ристова-Стефановска се сеќава дека во пунктот за нега во поликлиниката „Бит Пазар“, покрај педијатарот, има и лабораторија во негата.

Пред Нова Година, во земјава се регистрирани речиси 1.000 случаи на грип, што е за 2,5 повеќе од претпоследната недела од декември, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Најголемиот дел од заболените се од Скопје, Тетово и Велес. Вкупниот број на заболени од грип и заболувања слични на грип е 2.100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…

Ако надвор е 39 степени, клима уредите…

(Документи) Седум години се криело дека водата…

Водата во Гостивар не била за пиење…

Децата и адолесцентите добиваат бесплатно психолошко советување…

Во државата денеска официјално започна со работа…

Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…