Кавадарчанец падна од карпа додека бил на лов, пожарникарии го ваделе телото

t

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.

– До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен,  моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзиме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…