Казанџиска порача: Јорданов да се соочи со граѓаните и да ја каже вистината за испуштената нафта

t

Испуштената нафта од преместувањето на цистерната кај „НАМАТА“ се уште е главна тема на конфликт помеѓу опозицијата и власта. По поднесената кривична пријава против градоначалникот Иван Јорданов, дел од прашањата кои се во интерес на јавноста се се уште без одговор. Билјана Казанџиска е децидна дека Јорданов треба да се соочи со граѓаните и да ја каже вистината, се со цел да престане да ја замајува јавноста.

„ Почитувани граѓани, по поднесената кривична пријава против градоначалникот Иван Јорданов, останаа многу неодговорени прашања на кои јавноста мора да го знае одговорот. Го повикуваме да се соочи со вистината и одговорноста и да не ја замајува јавноста со популизам со кој се занимава половина мандат. Во едно треба да одговори и на следниве прашања: која фирма го вршеше транспортот, дали фирмата има лиценца за таков вид на транспорт, дали има јавен повик за избор за лиценцирана фирма за превоз на опасен отпад, каде заврши остнатата нафта или и таа е украдена. Јорданов нема потреба од нервоза, мандадот полека истекува а граѓаните полека и сигурно го гледаат вашето вистинско лице. Улиците ќе ги измиеш, но нема да го измиеш срамот, фушерајското и криминалното работење. Ги повикувам надлежните институции сериозно да го истражат овој настан и да постапат согласно законт.“ изјави Казанџиска

Казанџиска апелира до надлежните институции сериозно да го истражат овој настан и да преземат мерки согласно законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарско знаме во Пустец – македонската…

Веењето наа бугарското знаме пред зградата на…

На празник си заминуваат праведните: По долго…

После долго боледување, денеска на Велики Четврток,…

Полицијата во САД уби ученик пред училиште…

Американската полиција убила ученик пред средно училиште…

Пак … Зеленски отпушти висок разузнавач поради…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја…

(Фото) Отказ за полицајката Вера која му…

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде…