Кацарска: Пратениците не го почитуваат Уставот!

t

Состојбата во Уставниот суд е алармантна. Верувам дека пратениците го познаваат Уставот, дека ја знаат содржината на член 51, став 2 од Уставот, според кој секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Токму затоа би им порачала на пратениците: почитувајте го Уставот, рече Кацарска.

Почитувајте го Уставот, им порача претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска на пратениците, откако и по еден месец од деблокадата на Комисијата за избори и именувања нема предлози за четири нови уставни судии за Судот конечно да може полноважно да одлучува. Според информации на „Слободен печат“, владините коалициски партнери сè уште се усогласуваат кои судии ќе бидат предложени, затоа не се знае ни кога ќе бидат доставени имиња до Комисијата за Собраните да може да ги гласа.

Вчера, на последната седница на Уставниот суд, иако присуствувале петмина судии, првпат не се решавало по одредени предмети, бидејќи немало потребно мнозинство.

– Состојбата во Уставниот суд е алармантна. Верувам дека пратениците го познаваат Уставот, дека ја знаат содржината на член 51, став 2 од Уставот, согласно кој секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Токму затоа би им порачала на пратениците: почитувајте го Уставот – одговори Кацарска.

Од Судот информираа дека на дневен ред биле три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донела одлука поради недоволното мнозинство гласови.

– Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред. Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата, затоа што е доведено во прашање носењето одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. Се работи на граница на кворум за одржување на седници. Повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на Уставниот суд. Постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое Судот го предвиде во годишната програма – велат од Уставен суд и додаваат дека предметите за кои не можеле да донесат одлуки повторно ќе бидат ставени на гласање кога судот ќе се комплетира.

Висок функционер од власта брифира дека „консултациите меѓу коалициските паретнери за персоналните решенија уште траат“. Штом се усогласат предлозите за нови уставни судии, ќе бидат доставени до собраниската Комисија, но не прецизираат кога.

Ни претседателката Кацарска нема никаква информација кога би можело да се комплетира судот.

– Јас немам никаква информација, она што го знае јавноста, го знам и јас – вели Кацарска.

Не е првпат Кацарска да апелира Собранието да избере нови уставни судии. Таа во февруари му пиша на претседателот на Собранието Талат Џафери итно да бидат избрани судиите, по што Комисијата конечно се одблокира по повеќемесечна блокада. Власта обвинуваше дека опозицијата го кочи изборот на уставните судии зашто ја блокира работата на Комисија, бидејќи нејзиниот член Фадил Зендели од Беса одбиваше да поднесе оставка и мнозинство во собраниското тело имаше опозицијата наместо власта. Власта си го врати мнозинството, но Комисијата сè уште не се состанала.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, вели дека штом ќе добие предлози ќе закаже седница.

– Разговарав со членовите на Комисијата и очекувам во најскоро време да ме известат за нивните предлози. Штом добијам информација дека има предлози, веднаш ќе закажам продолжение на седницата на Комисијата за предлагање уставни судии – вели Георгиевска.

Кон крајот на мај, лани, Уставниот суд остана без тројца судии, на кои им истекоа мандатите, а во јануари годинава заврши мандатот и на четвртиот судија, со што судот остана со само петмина намест

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80%…

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

Конечните листи за пратеници на СДСМ ќе…

На конгрес во сабота СДСМ ќе ги…