Објавено на:

Киев утринава повторно во мрак: Во ракетни напади уништена енергетска инфраструктура

t

Објект на енергетската инфраструктура во регионот на Киев е оштетен за време на ракетен напад во саботата наутро, соопшти украинската национална енергетска компанија Укренерго.
„Објектот на енергетската инфраструктура во регионот на Киев е тешко оштетен“, се вели на страницата на компанијата на социјалните мрежи.
Забележано е дека вработените веќе работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија во регионот, Укренерго повторно апелира да се заштеди електрична енергија од 17.00 до 23.00 часот и да бидат подготвени за вонредни прекини.

Претходно во саботата, шефот на регионалната воена администрација во Киев, Олексиј Кулеба, извести за ракетен напад врз регионот.
Во понеделникот и вторникот, украинските медиуми објавија за експлозии и оштетување на критичната инфраструктура, вклучително и енергијата.


Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин, на оперативен состанок со членовите на Советот за безбедност, рече дека бил извршен масовен напад со прецизно наведувано оружје врз украинските инфраструктурни објекти. Путин го нарече инцидентот на мостот на Крим терористички напад чија цел е да се уништи цивилната инфраструктура. Според него, Киев се ставил на исто ниво со најодозните терористички групи и едноставно е невозможно злосторствата на режимот во Киев да се остават без одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…