Објавено на:

Кличко: Ќе нè погоди апокалипса како во холивудските филмови – Киев е без вода и струја

t

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во интервју за Скај њуз изјави дека главниот град на Украина се соочува со вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Тој рече дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку.

„Киев останува без струја, вода и греење. Можно е да не погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури“, потенцира Кличко, поранешен светски шампион во бокс.

„Што да ви кажам? Ние сè уште се бориме и правиме се за да спречиме да се случи такво сценарио“, додаде тој. Најголемиот проблем е што во моментов Киев нема доволно загреани засолништа.

„Подготвивме околу 500 загреани засолништа, но во град со 3,6 милиони жители тоа не е ништо. За жал, доколку продолжи да биде проблематично снабдувањето со електрична енергија, ќе бидеме принудени да ја исцедиме водата од зградите. На овие температури има можноста од пукање на цевките и целосното снабдување ќе биде загрозена со вода“, предупреди градоначалникот на Киев.

Кличко побара од граѓаните да ги подготват најосновните работи за можна евакуација.

Подгответе храна, вода, документи и топла облека во случај да треба веднаш да го напуштите градот“, посочи тој.

Тој, исто така, одговори на повиците на претседателот Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

„Чудно е. Имаме заеднички непријател и почнуваме да се караме меѓу себе. Мислам дека не е време за политички конфронтации“, заклучи Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

(Видео) Експлозии во Киев, во цела Украина…

Повеќе експлозии од утринава одекнуваат во Киев,…

Киев: Русите помалку летаат над Украина откако…

Руските воздушни операции над источна Украина значително…

Протести во Киев поради смената на началникот…

Одлуката за промена на Залужни дочекана на…

Зеленски го покани Трамп во Киев: Дојди…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Доналд…