Ковачевски до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има законска обврска да ја гласа техничката Влада

t

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека техничката влада е законска обврска и политичките партии од власта и опозиција треба да предложат свои кандидати и да ја поддржат во Парламентот. Тој е на ставот дека има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање.

-Јас нема да бидам министер во техничката влада, туку ќе ја предводам кампањата на СДСМ на претстојните избори. Во однос на техничката влада, тоа е законска обврска и сите кои што учествуваат во техничката влада, тоа се политички партии од власта и опозицијата, треба прво да ги предложат своите кандидати и да ја поддржат владата во Парламентот. Има доволно време до недела тие формалности да се завршат и в недела да имаме гласање со кое што ќе добиеме техничка влада која што ќе ги спроведе изборите, рече денеска Ковачевски на прес-конференцијата по состанокот на лидерите од регионот посветен на Планот за раст за Западен Балкан во одговор на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека секој треба да работи согласно законот и демократските принципи.

-Секој треба да работи во согласност со закон и во согласност со демократските принципи. Предлагате министри и ги поддржувате тие министри, не можете да очекувате да предложите министри, а некој друг да ги поддржува вашите министри. Такво нешто не постои во светската пракса и сметам дека има доволно денови за тоа да се направи до недела, додаде Ковачевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…