Ковачевски и Брнабиќ од Табановце: Отворен Балкан дава резултати
Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат, рече премиерот Димитар Ковачевски на граничниот премин Табановце заедно со неговата српска колешка Ана Брнабиќ.
„Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80 отсто во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати. За само три месеца српски и македонски инженери успеаја да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат“, кажа Ковачевски.
Тој потсети дека веќе се проширени и лентите за побрзо поминување на границите, а министрите за внатрешни работи од двете земји веќе работат на единствено софтверско решение кое ќе овозможи само една контрола на границата меѓу Србија и Македонија, со што ќе биде уште повеќе забрзано поминувањето на границата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…
Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…
Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…
Македонија е трета на Балканот – Слободата…
Слободата на медиумите во светот е на…
ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…
Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…